06 Мај, 2024
0.0251

Манчевски: Груевски излажа, пари во Буџетот за нови градинки нема!

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ денеска изјави дека во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140-те детски градинки кои поранешниот премиер, Никола Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, а се во вредност од 25 милиони евра. 

- Во предлог-Буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само еден милион двеста и деведесет илјади евра. Со други зборови, Никола Груевски повторно лаже, изјави денеска Манчевски.

Груевски, смета Манчевски, не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните. Тој со години, парите на граѓаните ги фрла на раскош и луксуз, кои изедоа илјадници градинки.

- Верноста на целиот проект Скопје 2014, надмина 667 милиони евра. Овие пари изедоа 4.446 градинки. Само проектот за, како што го нарекуваме, Тркалото на лудоста позади мене, чини 19 милиони евра. Тоа значи дека со овие пари можеа да бидат изградени 126 детски градинки, смета Манчевски.

Потпретседателот на СДСМ вети и дека неговата партија ќе донесе сосема нов Буџет, којшто на прво место ќе ги стави потребите на граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува