26 Април, 2024
0.0281

Мандатот во раце на ГЕРБ: Борисов ќе формира Влада

Објавено во: Балкан 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на ГЕРБ и иден премиер во соседна Бугарија по трет пат Бојко Борисов го прифати мандатот за формирање влада од претседателот Румен Радев.

Мандатот го примија Борисов и неговиот заменик, Цветан Цветанов.

 Шефот на државата изразил надеж дека ГЕРБ и коалициските партнери ќе покажат убедливи кандидатури за Министерскиот совет. Тој му посакал успех на Борисов. 

Минути пред настанот во претседателството ГЕРБ и "Обединети патриоти" потпишале коалициски договор. 

Потписи под документот положил лидерот Борисов и копретседателите на патриотите - Валери Симеонов, Красимир Каракачанов и Волен Сидеров. 

Тоа се случило во собата на ГЕРБ во Народното собрание. Од двете партии истакнале дека се уште не се водени преговори за министерските места и тие почнуваат од сега па натаму. Се очекува кабинетот биде составен околу 4-5 мај. По потпишувањето на договорот Валери Симеонов најави дека ќе има политички совет, кој ќе се состои од 6 луѓе. Тој најверојатно ќе заседава секоја недела, а "одлуките ќе се донесуваат со консензус". 

"Така ќе има конзистентност во сите прашања за кои одлучува Министерскиот совет и политичкото раководство на коалицијата", рекол уште Симеонов и прецизирал дека распределбата на министерствата ќе бидат на располагање на медиумите во посебен анекс кој допрва треба да се подготви. Тој требало да биде готов во почетокот на мај. 

Другиот копретседател на "Обединети патриоти" Красимир Каракачанов додал дека во коалицискиот договор е констатирано 1 премиер, 4 вицепремиери и 17 министри. Тој додаде дека има идеја еден од вицепремиерот ресорно да одговара за претседателството на Советот на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице