Добивај вести на Viber
Светскиот гигант за облека и додатоци, MANGO, и официјално ја напушти Бугарија, затворајќи ги сите комерцијални објекти на ланецот. Причина за тоа е објавувањето на стечај на фирмата – претставник на брендот во Бугарија, Атриум Бугарија, пишува бугарски „Труд“.
Софискиот градски суд го испочитува барањето за прогласување на банкрот ретроактивно, од 31 декември 2008 година. Компанијата регистрира негативен финансиски резултат во периодот 2008-2012 година. Сепак, ланецот беше присутен на бугарскиот пазар до 2013 година. Оваа година ги затвори сите трговски објекти во Бургас, Варна и Софија. Фирмата имала обврски кон банките, добавувачите и наемодавците.