МАПА: Ова се плажите каде има медузи, внимавајте!
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2019
Објавена е мапа на која можете да проверете на кои места во светот има опасност од медузи.
На многу места во Европа, но и во нашето опкружување има плажи со медузи.
Грчкиот опсерваториум за биодиверзитет создаде мапа со која летувањето во Грција може да биде уште побезбедно, бидејжи преку неа имате преглед точно каде се појавиле медузи.
Мапата константно се ажурира и им дозволува на корисниците да учествуваат во нејзиното оформување, ако некаде виделе медуза.