Маратонска средба Заев - Ципрас: Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас по средбата со нашиот премиер, Зоран Заев во Давос изјави дека се борат да најдат решение за името.
Вели дека на Балканот има национализам, а регионот мора да се фокусира на предзвиците за 21 век како безбедност, стабилност и економија.
Свесен е дека многу луѓе се со вперени очи кон двете земји. Рече дека мора да се борат против иредентизмот и да градат добрососедски односи.
Се сложиле со Заев дека ќе се интензивираат мерките за градење на доверба.
Заев рече дека со Грција треба да бидеме партнери во Европа и НАТО.
„Покажавме во минатото кога двете земји имаат сериозни предизвици дека може да работиме заедно во сопствен интерес. Спорот трае 25 години и мора да се реши, затоа што тоа е клучно за нашите перспективи. Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Мора да биде во наши и нивни интереси, да биде во заштита на името“- рече Заев.
Заев потврди дека немаме претензии кон јужниот сосед.
Во 15 часот почна средбата на премиерот Заев со грчкиот колега Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Главна тема на средбата е пакетот понуден од медијаторот на ОН, Метју Нимиц за спорот што Грција го има со уставното име на Македонија.