МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?
Објавено во: Свет 27 Март, 2024
Терористите од Москва пред нападот биле во Турција, а се радикализирале онлајн.
Двајца од четворицата терористи од Таџикистан, кои во петокот го извршија нападот во „Crocus City Hall“ во Москва, неодамна отишле во Турција за да ги обноват своите руски дозволи за престој, потврди за Reuters неименуван турски безбедносен претставник.
„Тие веројатно добиле инструкции за вооружен напад кога патувале за Турција“, објави синоќа рускиот весник Известија, цитирајќи неименуван извор.
Останатите двајца осомничени за учество во терористичкиот напад, се регрутирани на територијата на Русија, изјави изворот.
Подоцна на 25 март, турски безбедносен функционер изјави за Reuters дека двајцата обвинети вооружени напаѓачи накратко влегле во Турција за да ги обноват нивните руски дозволи за престој, но не биле радикализирани во Турција. Тие не биле предмет на никаков налог за апсење и на тој начин можеле слободно да патуваат меѓу Русија и Турција, додаде официјалниот претставник.
Двајцата терористи на 2 март годинава со истиот лет отпатувале од Турција за Москва, изјави изворот.
Руските власти ги идентификуваа четворицата осомничени како Далерџон Мирзојев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамадсобир Фајзов. Сите се државјани на Таџикистан, кои работеле во Русија.Фаридуни за време на сослушувањето признал дека пристигнал во Русија од Турција на 4 март, пишува Известија.
Русија тврдеше дека терористите сакале да бегаат во Украина, но потоа белорускиот претседател Александар Лукашенко откри дека тие сакале да влезат во Белорусија и откако не успеале, се упатиле кон Украина.