27 Април, 2024
0.0292

Маврово – совршена дестинација за релаксација

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Маврово е една од најдобрите дестинации во Македонија која нуди се што ни е потребно кога сакаме совршен планински одмор: бујна шумска вегетација, планини, сино езеро, чист воздухна надморска височина од 1300 метри. Тука се наоѓа и еден од најубавите ски терени на Балканот, за сите кои се љубители на зимско-рекреативните спортови.

Доволно е да ги погледнеме фотографиите и видеото од магичниот предел кај што е лоциран станбениот комплекс и веднаш можеме да се замислиме како таму го поминуваме секој слободен ден кога сакаме да заминеме далеку од обврските, гужвата и градскиот метеж. Побрзајте и искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани во Станбениот Комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар. По неверојатно ниски цени може да имате ваш личен простор каде ќе го поминете секој викенд, празник, или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

„Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Се водевме од анализата на пазарот која ни покажа дека ваков тип на објект недостасува на планините. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово.“ – изјави Александар Смилковски, член на управниот одбор на Пелагонија Гостивар.

Првиот станбен комплекс во Маврово нуди 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.


За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“