МАЖ НАПАДНА ПОЛИЦАЕЦ ПРЕД НОТР ДАМ: Кој е тој и кои се мотивите?
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2017
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Коломб, изјави дека напаѓачот на полицаецот пред катедралата Норт Дам во Париз вчера пред нападот извикал „Ова е за Сирија“.
Коломб вели дека во личните документи на напаѓачот стои дека е студент од Алжир. Тој бил на возраст од околу 40 години.
Инцидентот се случил кога непознат маж со чекан тргнал да нападне полицаец. Откако не застанал по предупредувањето, другите полицајци отвориле оган и го раниле во пределот на градите.
„Ситуацијата е под контрола, еден полицаец е полесно повреден, напаѓачот е неутрализиран и е префрлен во болница“- објави полицијата на „Твитер“.
Се смета дека бил поврзан со групата „Исламска држава“.