МЕЧКИ ФАМИЛИЈАРНО ГО ЗАПОСЕДНУВААТ ГАЛИЧНИК: Ги превртуваат контејнерите, прават хаос, а народот се плаши- се бара решавање на поблемот
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023
Месна Заедница Галичник, повеќе пати официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник.
„Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението.“ велат оттаму.
ФОТО: Фејсбук