03 Мај, 2024
0.0259

„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“. Денеска (9 ноември) во Севиља, Шпанија беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата - најдобар европски документарец за 2019 година.


На овој потесен избор, пред три месеци му претходеше селекцијата на „Медена земја“ меѓу 12 филмови – најсериозни кандидати за оваа награда.
За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3600 членовите на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

„Медена земја“ деновиве освои многубројни нови престижни награди.
На 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија: награда на критиката за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери“. Ја доби и главната награда на фестивалот Festival Ânûû-rû Âboro во Нова Каледонија, Океанија, потоа „Golden Gateway“, наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star во Мумбај, Индија.
Се закити со специјалната награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм „West Lake“ кој се одржува во Ханчоу во Кина. Следуваа: наградата од публика за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, CinEast Festival, специјалната награда на Festival Cinemed во Монпелје, Франција и специјална награда за документарен филм на фестивалот „Девоур“ во Канада.
На 64. издание на меѓународниот филмски фестивал во Ваљадолид ја доби наградата „Espiga Verde“ – за најдобар филм во категоријата „Cine y Cambio Climático“ во која се прикажуваа филмови кои го третираат проблемот на климатските промени и природните ресурси.
Неодамна филмот беше прикажан на „Док Лајпциг“ во Лајпциг, Германија и на „Виенале“, интернационалниот филмски фестивал во Виена, Австрија.

Претстои учество на филмскиот фестивал AJYAL во Доха, Катар, и на „Синевропа“ – фестивал во Сантјаго де Компостела, во Шпанија. „Медена земја“ ќе биде дел и од официјалната селекција на IDFA – најголемиот фестивал за документарен филм во светот кој се одржува во Амстердам, Холандија. Тоа, воедно, ќе биде и холандска премиера на филмот.

Режисерите и главната протагонистката во „Медена земја“ – Атиџе Муратова деновиве се во Њујорк, каде што на 10 ноември во Бруклин ќе бидат доделени наградите Избор на критиката за документарци (Critics' Choice Documentary Awards). Филмот е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобра режија, најдобра кинематографија, најдобар документарец на тема наука или природа. На церемонијата на Атиџе ќе ѝ биде врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) во САД ја доби наградата „Pare Lorentz“. „Медена земја“ е номиниран во уште три категории  (најдобар документарен филм, најдобра режија и најдобра кинематографија), а победниците ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на „Парамаунт“ во Лос Анџелес.

Во моментов во тек е и промотивната кампања на филмот за номинации за оскар, која е поддржана од Агенцијата за филм.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година