15 Мај, 2024
0.0263

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат пари за ППР

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Викендов, непосредно пред донесување на одлуката за распишување на изборите, Собранието донесе Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Според новите одредби, сите медиуми - радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање (ППР) за предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 12 април 2020 година, се должни да се регистрираат во Државната изборна комисија (ДИК)најдоцна до 24 часот на 19 февруари, за што треба да поднесат барање за упис, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија, не постара од 30 дена. 

Барањата се поднесуваат на електронската адреса: izbori@sec.mk.

Медиумите што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за ППР, обезбедени од Буџетот на државата.

Исто така, медиумите се должни најдоцна до 21 февруари 2020 година, да утврдат ценовници за ППР и да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес, а цените не смеат да ја надминуваат просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси.

Просечно постигнатата цена и најниската цена за ППР кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) во последните 5 изборни циклуси ги утврдува Државната изборна комисија и тие ќе бидат објавени на нејзината веб страница.

Агенцијата ќе објавува соопштенија со потсетувања за обврските во различните фази од изборниот процес. Повеќе информации поврзани со изборното медиумско претставување се достапни на веб страницата www.avmu.mk во банерот Избори 2020.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година