04 Мај, 2024
0.0243

Мега ѕвездата Роналдо неизвесна за спектаклот во Скопје

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемата фудбалска ѕвезда, главниот ас на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо постои голема шанса да не игра во големото финале на УЕФА Супер купот против Манчестер Јунајтед кое е закажано за 8 август на националната арена Филип Втори во Скопје.

Главната пречка за виртуозот Роналдо е што има нови обврски со репрезентацијата на Португалија која како европски шампион ќе настапува на Купот на конфедерации кои се главно загревање за фудбалскиот Мундијал. Доколку Кристијано Роналдо одигра повеќе натпревари постои можност да биде ослободен од клубските обврски. 

Сепак, познавајќи го победничкиот менталитет на Кристијано Роналдо тој сака да освојува што е можно повеќе трофеи. Репрезентацијата му е од големо значење, но и на клубски план никогаш не го остава Реал Мадрид на цедило, најмногу за да докаже дека е подобар од вечниот ривал Лео Меси. 

Шпанска „Марка“ тврди дека ако Португалија испадне порано во групната фаза на Купот на конфедерации кој се игра од 17 јуни до 2 јули тогаш Роналдо ќе има повеќе време за одмор. Но, и без Роналдо финалето меѓу Реал и Манчестер ќе биде доволно атрактивно со оглед на тоа што станува збор за тимови со најголемите фудбалски ѕвезди и таленти, па публиката ќе ужива во судирот меѓу освојувачите на Лига на шампиони и Лига Европа.