27 Април, 2024
0.0289

Меѓу Тврдокорните имало и „омекнати“ - Почнаа ли контра протестите?

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Групата која себеси се нарекува Тврдокорни преку социјалните мрежи тврди дека вчерашниот протест на патриотските здруженија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не е од членови на Тврдокорните, туку дека станува збор за луѓе кои се ангажирани од страна на актуелната власт предводена од СДСМ. 

На официјалната Фејсбук страна на Тврдокорни често се испраќаат генерални пораки кон сите македонски политички партии со закани да преземат мерки за сочувување на тоа што тие мислат дека е национален интерес, наместо да вршат предаства на Македонците. Меѓутоа досега ниту еднаш Тврдокорни не отишле во директен судир со ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак со нивниот лидер Никола Груевски. 

Единствено Тврдокорни најмногу критики упатија која против нивни и членови на останатите таканаречени патриотски здруженија се соочија со кривичен прогон за учеството во насилниот упад на Собранието на 27 април кога нападнаа полицајци, пратеници и новинари. 

Тие побараа амнестија од партиите бидејќи делувале револтирано со цел да ја заштитат Македонија. Реториката на Тврдокорни е полна со национализам и на нивните собири често се испраќаа и навредливи и шовинистички скандирања. 

Затоа нивните тврдења дека ете не протестирале пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се помалку чудни и изненадувачки и укажуваат на одреден „заговор“ дека дел од нивните членови соработуваат со СДСМ што досега немаше никаква логика.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир