02 Мај, 2024
0.0253

Меѓународниот саем „Технома“ стартува утре

Објавено во: Агробизнис 14 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Утре на саемот „Технома“ ќе бидат прогласени најпроактивните земјоделци за 2013 година.

Изборот се вршеше во пет категории :Житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство и органско производство,  преку јавен оглас отворен за сите регистрирани земјоделци во Македонија.

Кандидатите за категоријата житни култури мораа да располагаат со над 150 декари, за овоштарство над 30 декари, за градинарство на отворено преку 15 декари, за градинарство во оранжерии над 5 декари, за сточарство да имаат најмалку 15 грла, (за овчарство минимум 300), додека за органско производство услов беше да имаат сертификат.

Апликациите се анализирани и оценувани врз основа на тоа колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос по декар, степенот на користење обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на финансиите и континуираното инвестирање во подобрување на продукцијата и ефикасноста во работењето.

Наградените земјоделци ќе добијат наменски вредносен ваучер од 150.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?