29 Април, 2024
0.0327

Меѓусебни обвинувања на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

И денеска двете најголеми партии - ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и СДСМ на Зоран Заев продолжија со меѓусебни обвнувања преку партиски пораки.

„Незаконскиот претседател на парламентот Талат Џафери соопшти дека ќе ги води седниците на албански јазик. Македонскиот парламент ќе биде трет во регионот, во кој ќе има седници на албански. Сето ова е надвор од Охридскиот договор ... Единствениот официјален јазик во земјата е македонскиот. Молчењето од страна на СДСМ е доказ дека започнува реализацијата на „Албанската платформа“. Нејзината реализација започна покрај противењето на народот ... Крајно време е амнестираниот криминалец Зоран Заев да се освести. Крајно време е да престане теророт на СДСМ над народот“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од утрово. 

Речиси во исто време беше објавена и порака од партијата на Зоран Заев. 

„Новата реформска влада е неопходна за процесот на интеграција на Република Македонија. Поради криминалните интереси на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ подолго време сега земјата е блокирана и е во изолација. Поради лични интереси, за сметка на граѓаните и државата, оваа мала група околу Груевски постојано измислува непостоечки теми. Тие сфаќаат дека се во опозиција и дека правната држава ќе ги отстрани нивните лични бенефиции. За тоа е свесно и партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ, што треба да реагира и да докаже дека за нив се важни граѓаните, а не криминалците. Ова нешто треба да го стори и Ѓорге Иванов и да даде мандат за формирање влада“, пишува во соопштението на СДСМ. 

Од партијата на Заев повикуваат на разум и почитување на законите од страна на сите, за да се дојде до мирно предавање на власта.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање