Мексиканец произведува тоалетна хартија Трамп
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2017
Незадоволен мексикански претприемач, Антонио Батаља кој е револтиран од политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон имиграцијата, реши да му се одмазди така што ќе произведува тоалетна хартија Трамп.
Логото на оваа марка е со човек кој е насмеан, со палецот нагоре и фризура како Трамп.
Мотото на брендот е „Мекост без граници“. На омотот пишува „Ова е единствениот ѕид за кој сме подготвени да платиме“.
Бизнисменот вели дека на овој начин само мирољубиво да му возврати на Трамп за неговите политики.