05 Мај, 2024
0.0241

Мелничарите со низа барања до Владата

Објавено во: Агробизнис 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Мелничарите побараа слободен увоз на  пченица во текот на целата година. Пред стартот на жетвата тие го упатија ова барање до надлежните со желба да им се дозволи навремен увоз на евтина пченица за да има и производство на поевтино домашно брашно. Ограничениот врзан увоз претходно Владата го воведе за да ги поттикне мелничарите прво да ја откупат домашната пченица. Инаку денеска мелничарите побараа Владата да им плаќа за 100% повисока цена за чување на државната пченица, за да можат да ги покријат трошоците. Тие ова барање го правдаат со двојно зголемените трошоци што ги имаат за чување на пченицата во нивните силоси. Како посебен проблем тие ја посочуваат и мерката за задолжителната употреба на апаратите за мерење на влажноста на пченицата и бараат одложување на нејзината примена. Оваа година се очекува плодна жетва и  приноси од 3 до 4 тона од хектар. Од засените 90.000 хектари, производството се проценува на 280.000 тони. Од тие количини мелничарите ќе откупат околу 100.000 тони. Сепак, и годинава како лани се очекува увоз од околу 150илјади тони пченица. Ова е двојно поголем увоз од тој во 2011 година кога беа внесени само 78.000 тони пченица од странство.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?