МЕНДУХ ТАЧИ НЕ БОЈКОТИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ - сликан со двете ливчиња на гласачкото место
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Мендух Тачи, лидерот на ДПА, кој на овие парламентарни избори настапи во коалиција со Европскиот фронт предводен од ДУИ, спротивно на Артан Груби, кој не гласаше за претседателските избори, реши да не ги бојкотира изборите за претседател на земјава.
Тој беше сликан со двете ливчиња во рака, што значи и за претседателски и за парламентарни избори.