26 Април, 2024
0.0299

МЕР: За пет години го изеде сопствениот капитал, вработува 18 луѓе, нема приходи и живее од донации од Владата

Со донации од Владата во 2015 година МЕР одвај ги покрил трошоците за бруто плати на вработени чиј број во лани пораснал за 64 отсто во однос на 2014 година иако фирмата нема ниту денар приход од основна дејност.

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонски енергетски ресурси (МЕР), државно акционерско друштво кое ќе управува со националниот гасовод по неговата изградба, по неполни пет години постоење направи загуба која безмалку го изеде акционерскиот капитал на компанијата, покажуваат податоците од официјалниот извештај на независните ревизори за 2015 година. 

Билансот покажува дека лани МЕР има загуба од 3,34 милиони денари (над 50.000 евра) што е пониска загуба од 2014 година кога друштвото било во минус од 8,08 милиони денари (над 130.000 евра). Низ годините од основањето во септември 2010 до крајот на 2015 година компанијата наѕидала загуба од 28,9 милиони денари (околу 500.000 евра), а акционерскиот капитал на фирмата е 29,44 милиони денари. 

Лани МЕР немал приходи од продажба на услуги затоа што компанијата уште нема со што да работи и имала приход од донација од Владата за тековно работење во износ од 7,09 милиони денари кои одвај ги покриле трошоците за бруто плати и придонеси на 18 вработени колку што МЕР имал на крајот на 2015 година. Во споредба со 2014 година кога имала 11 вработени, во 2015 година МЕР го зголемила бројот на вработени за 64 отсто. 

Од структурата на трошоци за вработените се гледа дека лани вкупно за вработените се издвоени 7,32 милиони денари од кои за бруто плати и придонеси се 6,54 милиони денари, за дневници се 0,625 милиони денари и за надоместоци на Управниот одбор кој е составен од три члена се издвоени 160.000 денари. Сумата на овие расходи лани била 7,32 милиони денари и е за 24 отсто повисока од сумата за истата намена платена во 2014 година. 

Од билансите е очигледно дека лани компанијата исклучиво егзистирала од добрата волја на својот основач Владата. Затоа што речиси единствен приход е донацијата. Од расположливите податоци се гледа дека лани во ставката материјални нематеријални средства е впишан новиот гасовод што е во изградба и неговата вредност е 3,2 милијарди денари односно околу 50 милиони евра. 

Од тие пари 2,568 милијарди денари се условен акредитив од Руската федерација , а останатите 10,5 милиони евра односно 641,9 милиони денари ќе бидат донација од Владата. Лани Владата префрлила за таа намена 440 милиони денари кои се вкалкулирани и во ставката набавка на основни средства.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“