Меркел нема да трпи германско мешање во изборите
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Меркел стравува дека на претстојните парламентарни избори ќе постои обид за мешање во целиот процес, но не од Русија која е осомничена за хакерски изборни напади во повеќе земји, туку од Турција и заострената реторика на Ердоган.
Германската Влада затоа нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, синоќа изјави канцеларката Ангела Меркел на настан на нејзината Демохристијанска Унија (ЦДУ) во градот Херфорд, пренесе ТАСС.
- Нема да трпиме какви и да било мешања, изјави Меркел, подвлекувајќи дека сите германски граѓани, вклучувајќи ги и оние од турско потекло, имаат право слободно да изберат една или друга партија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини германските политички партии за непријателски однос кон Анкара и Турците во Германија ги повика да не гласаат за „непијателите на Турција“.
Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, коментарот на Ердоган го оцени како „грубо мешање“ во внатрешните работи на Германија.