03 Мај, 2024
0.0277

Меурот наречен Јавен Долг ќе се распрсне по изборите!

Објавено во: Финансии 02 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

За само девет месеци вкупниот јавен долг е зголемен за 532 милиони евра, при што заклучно со третиот квартал достигна 4 милијарди и 750 милиони евра. Ова значи дека секој граѓанин должи по 2.370 евра. 

Според податоците од Министерството за финансии пораст има кај државниот долг кој од 37 отсто од БДП во вториот квартал, сега е зголемен на 41,9 отсто. Во државниот долг спаѓа долгот на централната Влада, јавните фондови и општините. Надворешниот долг во третиот квартал се искачи на 3,3 милијарди евра. Ваквиот тренд на јавниот долг, го отвори прашањето, колку ова ниво на јавен долг е одржливо и дали ја преминуваме црвената линија? 

Дел од економистите сметаат дека ова ниво е очекувано и е последица на годинешната еврообврзница. Проблемот не е висината на долгот, проблемот е неговата намена, односно трошењето на овие средства често беше за алиментација тековните потреби, односно зголемените пензии и социјалата, вели за Фактор, универзитетскиот професор Марјан Петрески.

„Тоа што долгот надмина 50% од БДП беше сосема извесно, како последица на позајмувањето средства од меѓународниот пазар преку последната еврообврзница од 450 милиони евра. Проблемот не е висината на долгот, проблемот е неговата намена, односно трошењето на овие средства често беше за алиментација тековните потреби, односно зголемените пензии и социјалата. Тоа е линијата на неодржливост на јавниот долг. Очекувам дека после изборите, ќе настане вразумување, без оглед кој ќе ја формира Владата, односно свесноста за фискалниот меур или меурот на јавниот долг ќе биде висока и ќе се води политика на стабилизација на јавниот долг околу сегашното ниво и позајмување за строго наменски цели. Ова го кажувам од причина што и двата политички кампуса во овој предизборен период се расфрлаат со најразлични ветувања, па би било добро да им укажат на граѓаните и како сите тие трошења ќе се финансираат, за да се постигне целта за стабилизирање на долгот“, вели Петрески.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција