Мицкоски: 100 отсто не гласаме за промена на Уставот
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023
100 отсто не гласаме за промена на Уставот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој во денешното интервју за Алсат зборува за расправата за уставните измени за која вели дека нема да има поддршка од неговата партија. Кажа дека ќе се појават и нови сериозни докази за вмешаност на партијата на Али Ахмети во бројни злоупотреби. Мицкоски рече дека е време ДУИ да замине во опозиција. Што се однесува до актуелните албански опозициски партии, Мицкоски изјави дека ќе имаат многу добри резултати на изборите.
Тие се дел од договорот што Македонија и Унијата го постигнаа и нема други барања, порачува француската државна секретарка задолжена за Европа Лоренс Бун во интервју за МИА.