03 Мај, 2024
0.0280

Мицкоски: Ќе гласаме за уставни измени само со недвосмислени гаранции од ЕУ

Објавено во: Македонија 17 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија ќе гласа за уставните измени што се бараат само доколку ЕУ даде гаранции дека ќе се задржи македонскиот идентитет, традиција и култура.

Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.

„Ќе бараме гаранции од ЕУ кои недвосмислено ќе го потврдат македонскиот идентитет, култура традиција и јазик, бидејќи за жал во протоколот кој го потпиша Бујар Османи има идентитетски интервенционизам. Никогаш бугарските политичари немале проблем со современата дефиниција за македонскиот народ од 1945. Ние дискутираме шти било претходно., Во бугарскиот парламент сега има декларација за илинденскоот востание.

Ако не сме загрижени дека ќе се смени нашиот идентитет, да го тргнеме билатералниот договор од преговарачката рамка. Ако се отвора темата за промена на Уставот, не смееме да ја испуштиме суштината. Ако нешто давам, истовремено и вие треба да дадете нешто. Барем неколку од тие пресуди во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Како инаку вие мене ќе ме убедите дека имате добра намера и дека го заслужувате тоа што го барате. Имате 14 пресуди за македонската заедница и нула за бугарската заедница во Македонија - не знам кој е тука дискриминиран. Ние бараме одлуки да бидат имплементирани од легални европски институции, не бараме ништо повеќе. 

Протоколот и билатералниот договор се опасност во иднина за дополнителен историски интервенционизам и нови вета“, рече меѓудругото Мицкоски.

За парламентарните избори предвидени во 2024, тој не сакаше да каже дали ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со опозициските албански партии, ниту пак категорично да отфрли коалицирање со ДУИ. Рече дека тоа треба да го покаже коалицискиот капацитет по добиените резултати од изборите.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите