Мицкоски: Македонска убавина, наоколу Беласица, Малешевските планини, а на исток Пирин
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2022
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оваа сабота е на Огражден. Тој објави неколку фотографии на социјалните мрежи.
„Саботно октомвриско претпладне на Огражден планина, 1746 мнв. Македонска убавина, наоколу Беласица, Малешевските планини, а на исток Пирин“, напиша Мицкоски.
Инаку, во 2020 година, Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат во Македонија, на планина или езеро.