19 Мај, 2024
0.0291

Мицкоски: Наместо да се стимулира семејството, се отвора дебата да увезуваме работници од Бангладеш, од Пакистан, од Филипини

Објавено во: Македонија 09 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговата партија ќе имплементира нови политики за младите. 

Тој спомена и нула персонален данок за млади до 29 години, загарантиран работен однос за 500 најдобри студенти, домови за млади брачни парови и дигитализација во образованието.

„За 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија државата мора да обезбеди загарантиран редовен работен однос, за да може да ги искористи, бидејќи вложила во нив. Да не праќаме во Западна Европа, Америка, Канада, Австралија, готов кадар, туку да си го задржиме тука без разлика од каков профил е“, рече Мицкоски.

Oбјасни дека имаме низок наталитет, а бројот на пензионери расте и фалат работници. Вели дека наместо да се стимулира семејството, се отвора дебата да увезуваме работници од Бангладеш, од Пакистан, од Филипини. 

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме јасна политика што се однесува до семејството и тука ќе продолжиме и во иднина, како влада, силно да работиме и да ги подржуваме младите брачни парови, да ги подржуваме семејствата“, рече Мицкоски.

Пред извесно време се отвори темата за увоз на работници од странство. Има аргументи за и против. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична