19 Мај, 2024
0.0290

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по извесната победа на парламентарните избори од изборниот штаб порача дека СДСМ и ДУИ че одговараат, како што рече, до последен за сторениот криминал и неправда.

- Вечерва конечно се поразени. Поразени се и предавствата и поделбите. Тие стотина луѓе од СДСМ и ДУИ нив денес ги боли главата - има и зошто, ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал мора да одговара според правда и закони, рече Мицкоски.

Лидерот на коалицијата „Македонија повторно твоја“ додаде дека поразен е и бојкотот на бојкотот на ДУИ. 

- Народот покажа дека поединци можат да создаваат кризи и да се штитат преку институции. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себе си. Време е да одат заедно со СДСМ во опозицијата. Народот си ја спаси државата. Оваа генерација има можност да создаде ново поглавје во која Македонија ќе биде ваша, рече Мицкоски.

Во првите 100 дена најави, како што кажа тој, добри вести за граѓаните и македонската економија. До идните функционери од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ им порача да не го заборават народот и дека ќе им служат на сите без поделби.

- Ќе промовираме соживот каде ќе ја имаме државата во свои раце. За брзо време ќе започнеме преговори за правење на најдобрата коалиција за нашата земја. Ќе ја формираме владата во најкус можен рок со транспарентен процес, истакна тој.

Мицкоски ја честиташе и победата за претседател на Гордана Силјановска Давкова.

- Нејзината цел ќе биде да го врати достоинството и Македонија да биде повтопрна горда. Верувам во нејзините капшацитети и со доблест и решителност ќе служи на татковината, истакна Мицкоски.

Откри дека телефонски се слушнал денеска со Билал Касами, Изет Меџити и Арбен Таравари за добриот резултат, според него, на ВЛЕН и утре претпладне го најави првиот состанок каде ќе се утврдат принципите за формирање на владата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража