19 Мај, 2024
0.0286

Мицкоски: Oваа Влада ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница

Објавено во: Македонија 26 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа за што разговарале вчера со американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар.

Мицкоски изјави дека го искажале ставот на партијата и уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.

„Ги аргументиравме нашите позиции, го кажавме нашиот став го потврдивме и аргументиравме. Зошто тој е став е таков, зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат. Предложивме она кое што е јасно во јавноста дека оваа влада има кредибилитет нула, морам да признам без зачуден дека оваа влада покрај тоа што има нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница чии што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрефираме за време на состанокот и за време на средбата со Ескобар и амбасадорката Агелер“, рече тој.

Мицоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од било кој загрижена за состојбата во која се наоѓа државата.

„И ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори“, вели Мицкоски. 

Тој истакна дека потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи владата на СДСМ и ДУИ е влада без народен легитимитет.

Од Демократскиот сојуз велат дека јасно е дека без темелни и суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото, развој и јакнење на демократијата и одговорноста, како и силна и неселективна борба против криминалот и високата корупција, тешко ќе се движиме кон Европската унија.

Од СДСМ велат дека блокадата скапо ќе ја чини државата и граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево