Мицкоски повика на мирен протест на отворањето на новиот бугарски културен клуб
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022
За Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, утрешното отворање на новиот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е провокација и повика на масовен протест во Охрид.
„ Дека е провокација, не е сомнено. Груба провокација, резултат на тоа што ние како ВМРО го збориме цело време. Не станува збор за процес на интеграција, туку на асимилација, за уништување на македонскиот идентитет. Ова што денеска се случува е шокантно за Македонците, но и Евреите. Тука не гледам никаква потврда Договорот за пријателство да го нарекуваме вака. Тоа што го прават бугарската Влада и добрососедство, нема никаква врска со пријателство“, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.
Опозицискиот лидер сепак им порача на граѓаните да протестираат достоинствено и мирно. Клубот се отвора без позитивно мислење од Министерството за правда, а како организатор на утрешниот протест се пријави Левица.
„Секој што смета дека треба да протестира, треба да протестира. Протест да, поддржувам, ги повикувам масовно граѓаните да излезат, но тој протест да биде мирен и демократски, да не дозволиме било каков инцидент да дефокусира“, вели Мицкоски.