Мицкоски: Сега е време да станеме заедно
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2017
Христијан Мицкоски со 376 гласови „За“ од делегатите на вонредниот Конгрес е избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово по што истакна дека мора да дојде до обединување и заедничко работење за подобра иднина.
„Сега е време да станеме заедно, ВМРО го очекува тоа од нас, а државата го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија.Ова што сега го гледаме не е ниту светлина, ни надеж, туку темнина и разочарување“, истакна Мицкоски.
Според новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ досегашните политики на власта не дале резултати и откри дек од својата визија за тоа како ќе делува неговата партија која сега е во опозиција.
„Мојата визија за Македонија е земја на среќни граѓани. Силна економија со домашно стопанство и крупни инвестиции. Земја со стабилен бруто домашен производ. Граѓаните заслужуваат подобро здравство. Корупцијата, политичките притисоци и одмазда мора да станат минато. Правичноста е најважна. Мора да растат платите на граѓаните.Во надворешната политика планот 3-6-9 нема резултат. Деветката ќе дојде, тројката не ја ни почнавме. Младите ја губат перспективата. Македонија е се подалеку од ЕУ,” рече Мицкоски.
Зa неодамнешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе работи на внатрешно решавање на проблемите наместо театар кој ќе и послужи само на СДСМ како противничка партија.