МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото.
„Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет. Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, пишува Мицкоски во својата честитка.
Пораки за сплотеност упатија и другите политичари по повод празникот.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски