Мицкоски: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е мерка од која ќе загубат граѓаните
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2018
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис.
„Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како Владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари“- вели Мицкоски.
Тој смета дека оваа Влада не умее да менаџира со парите на граѓаните.
„Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап“- вели Мицкоски.
Деновиве премиерот Зоран Заев најави дека ако економијата не се подобри во земјава, не е исклучена можноста да се зголемат придонесите за вработените или да се смени границата за пензионирање.
Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера реагираа дека се против овие мерки.