20 Мај, 2024
0.0249

„Microsoft“ го прекина проектот за паметниот часовник на „Nokia“

Објавено во: Стил 12 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Минатата година „Nokia“ разви паметен часовник со кодирано име „Moonraker“, кој достигна до прототип фаза и дури беше демонстриран на партнерите за време на мобилниот конгрес, но подоцна разработката му била прекината од страна на „Microsoft“.

Плановите на „Nokia“ вклучувале презентација заедно со „Lumia 930“, но со стекнување на „Microsoft“ на мобилниот бизнис на Финците, компанијата одлучила дека нема потреба од него.

Сликите од уредот се појавија во блог на вработен во одделот за дизајн на „Microsoft“ и според информациите на „The Verge“ станува збор за маркетинг материјали, а не за обични концептуални рендери.

Главната причина за прекинот на развојот на овој уредот е поврзан со фитнес нараквица „Microsoft Band“, која е опремена со големо количество сензори и може да собира многу информации за физичката состојба на корисниците.

Во исто време уредот на „Nokia“ имал базна функционалност за пристап до електронска пошта, повици, пораки и сл. и дури можел да се користи како далечински управувач за камера. Додадено била уште интеграција со „Facebook“ и „MixRadio“.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“