Милановиќ: Одиме во втор круг, не одиме во војна
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2019
Во своето обраќање до симпатизерите, Зоран Милановиќ, кој на изборите во Хрватска води во првиот круг, им се заблагодари на сите што гласаа за него. Но, рече, одат во втор круг, а не во војна.
„Одиме во вториот круг, но нема да одиме во војна. Војните завршија. Ајде да одиме во цивилизирана утакмица и да дозволиме да победи подобриот. Верувам дека тој подобриот сум јас“, рече Милановиќ.
Додаде дека ќе се обиде да ги убеди сите оние на кои хрватскиот интерес им е во прв план, на изборите да изградат држава на солидарност, земја на еднакви.
„Нема горчина во мене, но нема ни страв“, рече Милановиќ.
Тој води со 29,64 отсто од освоените гласови. Според последните резулати на претседателските избори во Хрватска, на прво место е поранешниот премиер, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија, Милановиќ, кој добил 29,64 проценти од гласовите.Сегашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, од десниот центар, денеска добила 26,92 проценти, а веднаш зад неа е независниот кандидат, пејачот Мирослав Шкоро со 24,29 одсто. Вака покажуваат првични резултати од обработени над 90 проценти од гласовите.
Во изборниот штаб на Шкоро владеела нервоза, што ескалирало со напад врз новинарска екипа.