Милевски вели дека рускиот амбасадор ако има совет треба сам да ја напушти функцијата
Објавено во: Македонија 21 Март, 2022
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „Само вистина“ изјави дека рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин ако има совест, треба сам да си замине од земјава.
„Да ја осуди агресијата на нивната влада. Не мислам дека целиот руски народ е за инвазија. Ако има грам совест, сам треба да ја напушти функцијата. Нашата сестринска партија од Русија е против војната и собира потписи. Имаме поддршка од рускиот народ за осуда на ова злосторство. Протерувањето на амбасадор е од либерална гледна точка. Средбата на пратеници со такви луѓе и поддршка е за секаква осуда. Навистина таа пропаганда преку Спутник на Балканот си има свое влијание“, потенцира Милевски.
Вели дека ултиматумот за предавање на градот Мариупол е како во 1945 година. Според Милевски, војната ќе потрае, обновата и нормалата нема да бидат скоро, иако некои анализи прогнозираат дека ќе заврши во мај.