18 Мај, 2024
0.0263

Милијардери, кои биле зад решетки-меѓу нив верувале или не бил и Бил Гејтс

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Чудно е да си помислиме дури дека еден милијардер може да се најде зад решетки. Солидната финансиска состојба е барем одредена причина поради која нивните адвокати би биле подготвени на сè, за да избегнат ефективна пресуда. Милијардерите сепак имаат свои причини поради кои го кршат законот. Некои не сакаат да плаќаат даноци, на пример. Да ги разгледаме причините кои ги доведоа овие 11 милијардери во затвор.

10. Џим Ирсеј (1.7 милирда долари)

Тој е сопственик и извршен директор на „Индијанаполис Колтс“. 2014 година. Вечер е. Ирсеј се движи кон својот дом во предградијата на Индианополис. Поминаа 9 дена од погребот на негова поранешна девојка. Полицијата го детектира дека постојано прави кругови околу домот на починатата жена. Кога го провериле, дознале дека претерал со дрогата. Останува зад решетки една вечер и плаќа солидна парична казна.

9. Доменико Долче и Стефано Габана (1.7 милијарди долари)

Долче и Габана се две од најголемите имиња во модниот бизнис. Тие исто така имаат големи имиња во сферата на даночната евазија. Проблемите почнуваат во моментов, во кој компанија од Луксембург нуди да им заштеди 500 000 долари од даноци.

8. Вонг Квонг Ју (1,6 милијарди долари)

Во 2006 година тој беше најбогат човек во Кина. Завршува како млад со гимназијата и се посветил на бизнисот со електроника. Го привлекува вниманието на властите, бидејќи почнува да заработува премногу пари. Кога истрагата тече со полна пареа, се испоставува дека Ју тргува со инсајдерски информации.

7. Марта Стјуарт (300 милиони долари)

Па, Марта не е милиардерка веќе, но пред тоа беше. Поминала некое време во затвор. Во 2001 година властите дошле до заклучок дека таа има продадено свои удели од фирма која работела со загуба. Така избегнала да плати над 45 000 долари. Останува во затвор 5 месеци во 2004 година. Уште 2 години е под надзор.

6. Владимир Јевтушенков (9,9 милијарда долари)

Во Русија, најверојатно, за да станеш милијардер, мора да го заобиколиш законот. Јевтушенков беше шеф на нафтена компанија пред некое време. Во 2014 година олигархот беше уапсен за перење пари.

5. Силвио Берлускони (8,5 милијарди долари)

Силвио Берлускони е поранешен премиер на Италија. Медиумскиот магнат успешно се "пробиваше" низ таблоидите со постојани скандали во интимниот живот и политиката. Често беше обвинуван за корупција. Во 2013 година е осуден за даночни измами. Наместо да лежи во затвор, на Берлускони му се дава алтернатива - општествено корисна работа. Работи по 4 часа неделно за центар на Католичката црква.

4. Раџ Раджаратам (1.3 милијарди долари)

Милијардерот беше прогласен за виновен по неколку обвиненија за измама. Едно од нив беше поврзано со скандал за тргување со инсајдерски информации. Во 2001 година Раджаратам беше осуден на 11 години затвор и парична казна од 10 милиони долари.

3. Андре Естевес (4,3 милијарди долари)

Бразилскиот банкар беше уапсен неодамна заедно со бразилски сенатор. Дуото влезе во видното поле на властите, бидејќи е осомничен за корупциски зделки. Делото на Естевес во моментов се разгледува.

2. Бернард Еберс (1 милијарда долари)

Канаѓанецот веќе е поранешен милијардер, но пак едно време беше почитуван сопственик и основач на огромна телекомуникациска компанија - WorldCom. Малку по доаѓањето на 2000 година почнуваат скандалите за сметководствени измами. Во 2005 година е прогласен за виновен по девет обвиненија за заговор, измама и давање на лажни индикации. Во моментов отслужува 25-годишна затворска казна. Ќе биде ослободен во 2028 година, кога ќе има 90 години.

1. Берни Медоф (17 милијарди долари)

Поранешниот милијардер Медоф во моментов отслужува 150-годишна затворска казна. Трагичната судбина на мажот не е за завидување. Откако паѓа во видното поле на властите, неговите двајца синови умираат. Едниот - од рак, а другиот се самоубива во 2010 година.

Бонус: Бил Гејтс (80 милијарди долари)

Да не заборавиме и на најбогатиот човек на планетата, кој на некое време бил зад решетки. Во 1977 година тој врши повреда како возач. Во тоа време Гејт имал 19 години. Една деценија го дели од првата милијарда.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“