МИЛИЈАРДЕРОТ ДОАЃА НА ПОМОШ: Што тестира Елон Маск за да ги спаси заглавените момчиња во пештерата
Објавено во: Свет 09 Јули, 2018
Компанијата на милијардерот и претприемач Елон Маск тестира подморница за деца, која би можела да се искористи за спасување на момчињата заглавени во пештерата во Тајланд.
Маск на неговиот Твитер профил објави видео на кое се гледа тестирање на алуминиумска подморница во базен, а ако биде туспешно тестирањето, подморницата ќе ја испрати на Тајланд, пренесе АП.
Портпаролот на „Боинг компанијата“ на Маск , која испратила четворица инженери во пештерата изјавил дека тајландските претставницни побарале уред кој наводно би можел да им помогне на децата да поминат низ тесните и поплавени пештерски премини.
Како што соопштија светските медиуми, од пештерата е извлечено уште едно момче.