Милион и пол туристи помалку - што ги одврати гостите?
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2017
Лани главниот град на Франција, Париз изгуби 1.5 милиони туристи поради терористичките напади.
Дополнително проблем беа протестите, немирите и поплавите, пренесува весникот „20 минути“.
Во пари, градот изгуби 1.3 милијарди евра.
Ноќевања има за 4.7% помалку од 2015 година.
Весникот пишува дека хотелиерите се потрудиле на гостите да им понудат што подобар дочек.
Падот на јапонските туристи е за 41.2%, а од Кина 21.5%.
Париз имал за 26.1% помалку Италијанци, 8.6% помалку Британци и за 9.9% помалку Шпанци.
И Русија испратила помалку туристи така што нивниот број се намалил за 27.6%.
Вообичаено, Париз го посетуваат по 30 милиони туристи годишно и тој е една од најпосетените дестинации.