МИЛОРАД ДОДИК ЈАДЕШЕ ОД ПУКАНКИТЕ НА ВУЧИЌ: Српскиот претседател објави слика со Додик од Памбуковица и се пошегува (ФОТО)
Објавено во: Балкан 10 Март, 2024
Претседателот на
Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која
во друштво на Милорад Додик го следи натпреварот на локалниот фудбалски тим од
Памбуковица.
Над сликата напиша хумористичен коментар: „Не ми ги допирај пуканките“.
Под фотографијата Вучиќ додава:
"Се надевам дека наскоро ќе се дружиме во едно од селата во Република Српска! Благодарам на Милорад Додик за посетата"!