Милошоски: Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат за оставката на Груевски
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2017
Пратеникот Антонио Милошоски вели дека делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат за оставката на Никола Груевски, како и за тоа кој ќе биде идниот претседател на партијата.
„Извршниот комитет помина во добра атмосфера, сега ќе се пренесе таа одлука на Централниот комитет. Делегатите од редовниот конгрес во Куманово ќе одлучуваат за понудената оставка на Груевски и за кандидатите кои би аплицирале, оставаме на нив да одлучат кого ќе поддржат“- вели Милошоски.
Тој рече дека делегатите ќе одлучат кого ќе поддржат и кои луѓе се вредни да ја водат ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски вели дека за нив е важно кохезијата да се задржи во партијата.
На 23 декември ќе се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.