Милошоски порача дека неспособната Влада мести апсења
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2017
Својата неспособност, Владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди и прогони, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва на протестот пред Министерството за правда.
Милошоски потенцираше дека со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди.
Тој додаде дека сегашната Влада не е дојдена на власт за да ја зголеми платата и животниот стандард, затоа што како што кажа, тие немаат економски план.
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски рече дека гревот на приведените е тоа што си ја сакале нивната земја. Тој праша дали може да бидат терористи луѓето кои што немаат допрено оружје.
ВМРО-ДПМНЕ протестира против приведените за настаните од 27 април, кога во Собранието имаше упад и насилници тепаа пратеници.