03 Мај, 2024
0.0902

Минатата година од извоз на македонски мед остварени 600 илјади евра

Објавено во: Агробизнис 24 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Да се конзумира квалитетниот македонски мед, апелира денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

 Во Македонија има околу 4.400 пчеларници со повеќе од 183 илјади пчелни семејства кои заклучно со август минатата година обезбедиле 600 илјади евра од извоз на мед.

- Продолжува поддршката на Владата за производителите кои имаат над 35 пчелни семејства, а следната година за поддршка на македонските пчелари во буџетот се планирани околу два милиони евра. Исто така, од ИПАРД-програмата може да се обезбедат финансиски средства со враќање во висина од 50 отсто за осовременување на земјоделските стопанства, набавка на соодветна опрема за подобрување на квалитетот, пакување и етикитирање со што ќе се овозможи македонскиот мед да биде присутен на македонскиот и европскиот пазар, изјави Коњановски.

Најголемиот фактор за произвотството на квалитетен мед според Коњановски се временските услови и појавата на пчелни болести.

- Свесни сме за оваа ситуација и сакаме да го подобриме системот за давање на советодавни услуги. До крајот на оваа година ќе биде донесен новиот Закон за советодавни услуги во кој ќе биде вклучена Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Тоа се совпаѓа и со европските регулативи и затоа сметам дека овој потег е правилен бидејќи им овозможува на  сите земјоделци да бидат поуспешни во сузбивањето на болести кои се појавуваат, истакна Коњановски.

Манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ и годинава е поддржана од општина Битола

Презентацијата на мед и производи од мед се одржува на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а во рамки на манифестацијата ќе се одржат трибини посветени на предностите и проблемите со кои се соочуваат македонските пчелари.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?