Министер поднесе оставка бидејќи службениот мобилен го носел на летување
Објавено во: Свет 14 Август, 2018
Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг поднел оставка откако признал дека ги прекршил владините безбедносни протоколи при одморот во Иран минатиот месец.
Сандберг не ги известил колегите за тоа каде оди на одмор, а со себе носел и службен владин мобилен, поради што добил укор од премиерката Ерна Солдберг бидејќи ги прекршил владините прописи за патувања.
58 годишниот Сандберг, инаку челник на антимигрантската партија Напредок, бил на мета критики на јавноста и внатре во партијата бидејќи во Иран ја понесол и својата девојка, 28-годишната Бахарех Литнес, инаку родена во Иран, која Норвешко државјанство добила пред 10 години.
Премиерката изјавила дека од Сандберг веднаш побарала мобилниот да го предаде на безбедносните служби на проверка.
Инаку, Владата на Норвешка, бара од министрите да ја известат премиерката за тоа каде патуваат во текот на одморот, независно од дестинацијата.
Исто така им е забранета употребата на службени владини мобилни телефони во земји со кои Норвешка нема воспоставена безбедносна соработка.