Министерот на Трамп во Ирак: Не сме овде да ви ја земеме нафтата
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017
Џејмс Матис, министерот за одбрана на САД од новата администрација на Доналд Трам, во ненадејната посета на Багдад на политичкиот и воениот врв му порача дека не се дојдени за да им ја земат нафтата на ирачаните.
Матис мораше да објаснува што мислел Трамп за време на претседателската кампања кога рекол дека САД требало да ја земат нафтата пред војската да го напушти Ирак. Тоа не значело грабеж на нафтата туку нејзино обезбедување за да не падне во рацете на ИСИС кои со овие средства формираа моќна организација и вршат страшни терористички напади низ целиот свет, додека пак делови од Ирак и Сирија целосно ги окупираа.
„Америка дарежливо си ги плаќаше сметките за гас и нафта, и така ќе продолжи и во иднина“, изјави Матис, за потоа да побара начин како САД, Ирак и останатите партнери да и го зададат последниот удар на џихадистичката организација ИСИС која се уште е моќна во западниот дел на ирачки Мосул, како и во сириска Рака каде се смета дека е нивното седиште.