27 Април, 2024
0.0285

Министерот Николовски најави системски мерки за развој на пчеларството

Објавено во: Агробизнис 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска официјално се отвори манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2017“,  на која покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде .


На отворањето министерот Лупчо Николовски соопшти дека МЗШВ ќе преземе системски мерки за развој на пчеларството.  

Според официјалните податоци од надлежните институции, во Република Македонија има повеќе од 6.500 одгледувачи на пчели и околу 234 илјади пчелни семејства. Оваа година од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целокупниот земјоделски сектор. 

Неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, нанесоа сериозни штети и во пчеларството.

„Изминатиов период остварив неколку средби со пчеларски здруженија, на кои бев информиран за моменталните состојби во пчеларството и проблемите со кои се соочуваат. Како министерство, работиме на решаваме на сите отворени проблеми во секторот пчеларство, од нелојална конкуренција до финансиска поддршка. Пред месец и половина во еден ден исплативме над два милиони евра субвенции за пчелни семејства. Внимателно ја следиме состојбата на терен и ќе преземаме соодветни мерки во корист на пчеларите“, рече министерот. 

Имено, во тек е подготовката на петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која што ќе бидат содржани идните мерки за развој на земјоделството, вклучително и за пчеларството, како исклучително значајна стопанска гранка. 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади