26 Април, 2024
0.0280

ИСТРАЖУВАЊЕ НА Центарот за граѓански комуникации

Министерствата ги кријат парите, општините потранспарентни

Објавено во: Финансии 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Најмалку информации институциите даваат за буџетите и за финансиите. Ова е заклучокот од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Овој Центар истражуваше колку се транспарентни институциите а во рангирањето се опфатени сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ. 

Процентот на исполнетост на обврските за објавување на јавни информации на сите 97 вклучени институции изнесува 45% (од можни 100%).

Од истражувањето може да се забележи дека институциите доброволно објавуваат само малку јавни информации.

Генерално, општините стојат многу подобро од министерствата и од Владата според нивото на нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 18 места од ранг-листата, а најдоброто министерство се наоѓа дури на 19-то место. Сите 4 институции во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини.

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.

Општото ниво на активната транспарентност е ’просечно‘

Имајќи предвид дека Индексот на активна транспарентност на македонските институции се изработува за првпат, не може да се изведе заклучок за напредокот или уназадувањето на вкупната активна транспарентност и на одделните институции, туку само да се констатира актуелната состојба од овој аспект. Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност. Соодветно на тоа, најмногу институции, 33%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 4%, во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност. 

Најголем дел од институциите се наоѓаат во трите средни групи, и тоа во онаа со ’просечна‘ активна транспарентност 33%, со ’слаба‘ активна транспарентност 30% и со ’добра‘ активна транспарентност 21%. 

Општините се подобри од министерствата 

Генерално, општините стојат многу подобро од министерствата и од Владата според нивото на нивната активна транспарентност. Најдоброто министерство се наоѓа дури на 19-то место на ранг-листата, а нема ниту едно меѓу најдобрата група на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност. Наспроти тоа, општините се наоѓаат на првите 18 места и сите 4 институции во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини. И во втората група, со ’добра‘ активна транспарентност, 19 од вкупно 20 институции се општини. Од друга страна, пак, и сите 12 институции во најлошата група со ’многу слаба‘ активна транспарентност се општини.

Крива Паланка најдобра, 4 други општини немаат веб-страници

 Лидер, на првото место, со 88,1% исполнетост на обврските за активно објавување информации, е општина Крива Паланка, по која следат општините Велес и Битола, со 83,6%, и општината Струмица, со 82,1%. Дури три четвртини од институциите не задоволуваат со нивото на активна транспарентност, наоѓајќи се во последните три групи. 32 институции се во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, 29 со ’слаба‘ и 12 со ’многу слаба‘. На последно место со најслаба активна транспарентност е општина Чучер-Сандево, која како и другите три општини на последните места, воопшто нема активна интернет-страница. 

Министерството за локална самоуправа најдобро, за економија најслабо

 Кај министерствата, најдобро рангирано е Министерството за локална самоуправа (19. место), во групата на институции со ’добра‘ активна транспарентност. Сите други министерства се во групите со ’просечна‘ и ’слаба‘ активна транспарентност. Најслабо рангирано е Министерството за економија (82. место), додека Владата на РМ е само неколку места погоре (78. место). 

Најмалку информации има за буџетите и за финансиите

Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност. Во делот на пристапот до информации, процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на овие информации кои произлегуваат главно од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кај општините изнесува 52%, додека кај министерствата и Владата овој процент е повисок и изнесува 61%. Кај областа информации за надлежноста и за услугите, општините имаат просечна исполнетост на обврските за активна транспарентност од 45%, а министерствата од 53%. И општините и министерствата најслабо стојат кај активното објавување информации од областа буџетска и фискална транспарентност, каде што од можни 100%, општините исполнуваат само 29%, а министерствата 13% од обврските за активно објавување информации. 

Целото истражување можете да го погледнете овде.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат