29 Април, 2024
0.0278

Министрите Мила Царовска и Арбр Адеми имаат најтешко буџетско чекмеџе

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кој буџетски корисник колку пари ќе има на располагање за трошење следната година. Предложениот буџет веќе е доставен до народните избраници. Тие ќе имаат на располагање дваесетина дена да го мерат и премеруваат, а потоа да ги кажат своите критики или пофалби на собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде, пак, добиваат вкупно десет дена, и тоа пет за општа расправа, а пет за дискусија во врска со предложените амандмани.

Најмногу пари идната година ќе се потрошат од Министерсво за финансии - Функции на државата, кои треба да обезбедат нормално функционирање на земјата. Таму се доделени 953 милиони евра, а оваа ставка е под ресорот за финансии. Самото Министерство за финансии, пак, идната година ќе потроши 20 милиони евра. 

Следува Министерството за труд и социјала, кое за идната година има на располагање близу 800 милиони евра, или прецизно 798 милиони евра државни пари.

Огромна сума пари или 436 милиони евра ќе потроши Министерството за образование и наука, покажуваат буџетските потатоци. Образованието како ресор постојано трпи критики дека не е реформирано и дека не исфрла кадри кои потоа им се потребни на компаниите. Дали ова со толку голема сума ќе се подобри идната година?

Оние што треба да се грижат за редот и безбедноста во државата, Министерството за внатрешни работи, во 2020 година ќе имаат на располагање 188 милиони евра.

А веќе во врат им дише и Министерството за одбрана, кое идната година има буџет од 165 милиони евра. Ова министерство мора да го зголемува својот буџет, со оглед што од идната година земјава ќе стане членка на НАТО Алијансата, а буџетот на воените сили мора да се приближува кон бараните НАТО стандарди.

Грижата за здравјето на граѓаните, пак, е во рацете на Министерството за здравство, кое идната година има дозвола да потроши 116 милиони евра, говорат буџетските бројки. 

Прилично значајна сума има Агенцијата за поддршка на руралниот развој, или популарно наречената Платежна агенција. Судејќи според парите што и се дадени на располагање, таа идната година на земјоделците ќе им подели субвенции од 121 милиони евра, бидејќи на располагање и е одобрена толкава сума. Додека самото Министертво за земјоделство, пак, в година смее да потроши 22 милиони евра.

Солидни пари има на располагање Министерството за транспорт и врски, или 95 милиони евра. Во овој ресор се најзначајните капитални инвестиции, но треба да се има предвид дека изградбата на патиштата тука не е вклучена, туку во Јавното претпријатие за државни патишта, кое има посебен буџет.

Министерството за култура нема многу пари, но затоа има посебна ставка, а таа е Финансирање на дејностите од областа на културата, од каде ќе се потрошат дури 57 милиони државни пари.

Министерството што се грижи за администрацијата и за информатичкото општество, МИОА, во 2020 година ќе има можност да искористи 25 милиони евра

Блиску до него е Дирекцијата за здолжителни нафтени резерви, која се грижи за земјава да биде во секое време подмирена со потребните нафтени резерви, таа ќе има над 23 милиони евра. 

Слична е и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, чии буџет ќе тежи само нешто помалку од 23 милиони евра. 

Судската власт идната година ќе има на располагање 35 милиони евра, а Јавното обвинителство ќе потроши 13 милиони евра.

Грижата за животната средина, која е во надлежност на Министерството за екологија, идната година ќе биде поткрепена со нецели 14 милиони евра, и околу 490 илјади евра што ќе ги троши Државниот инспекторат за животна средина, кој треба да ги лови загадувачите на воздухот. Дали тие ќе бидат доволни за така крупна задача во земјава, ќе се види од идната година.

Министерството за економија ќе може да користи 13 милиони евра, а ресорот за правда 8,5 милиони. 

Прилично убава сума од 9,5 милиони евра од идната година му е намененета на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое добива 9,5 милиони евра и треба да се грижи за спроведувањето на Рамковниот договор.

Агенцијата за млади и спорт ќе потроши речиси 10 милиони евра, а министерството за локална самоуправа над 4 милиони. 

На Собранието нема да му биде лошо, ќе потроши 9,54 милиони евра. Агенцијата за разузнавање има 4 милиони евра, Државниот завод за ревизија 1,8 милиони, а Претседателот на државата има 1,3 милиони евра.

Во предлогот на буџетот не се дадени сумите кои на буџетските корисници им биле одобрени годинава, па не може да се направи споредба колку има зголемување или намалување. 

Нина Нинеска-Фиданоска

 

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?