30 Април, 2024
0.0267

Мирче Адамчевски: Сакаме ли ние навистина во ЕУ?

Објавено во: Анализа 19 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

„Ако сега не ги вградите овие предлози, тогаш ќе мора да ги вградите кога ќе ги почнете преговорите за влез во Европската Унија“. Овие зборови на експертот на Советот на Европа, Бернд Мовес, искажани на тркалезната маса организирана од Македонскиот институт за медиуми, по повод предлог законите за медиуми и за ауидиовизуелни медиумски услуги, како да одекнаа во празно. А тие зборови не се однесуваат само на тој сегмент од македонските напори за влез во Унијата. Тоа важи за се она со кое што ќе се соочиме на долгиот пат до Унијата. И власта, наместо да ги слуша таквите укажувања, си тера по свое. Наместо уште сега да ги заврши работите, па кога ќе се отворат преговорите работите да се одвиваат побрзо, како свесно да се работи тие да одат што побавно. Епилогот од таквото однесување е најновиот Извештај за напредокот на Македонија. Веднаш би кажал дека тој е реален. И во деловите каде што се оценува напредок, но и во деловите каде што се критикува. Позитивен ли е или е негативен? Тоа е најмалку важно. Не би сакал сега да излезе власта и да мери, 90 проценти е добар 10 проценти е лош...Не е тоа прашањето. Прашањето е што таа ќе прави да се отстранат критиките. Во Извештајот се вели дека остануваа.загриженоста во однос на независноста на Советот за радиодифузија,  дека угледот на земјата во однос на слободата на медиумите продолжува да се влошува, како во земјата така и на меѓународно ниво, дека. довербата  меѓу владата и претставници на медиумите е сериозно оштетена со настаните од 24 декември 2012 година. Се консатира дека постои континуирана загриженост за недостаток на транспарентност на владините реклами и авто-цензура, поради економски притисоци врз новинарите и сопствениците на медиумите . Оттука и поларизација на медиумите и сиромашните професионални стандарди ја попречуваат правото на јавноста за пристап до различни ставови и точни информации. Се предлага да се зајакне високиот  квалитет на истражувачко новинарство и пристапот  на јавноста да балансирано известување и да се зајакне широкиот спектар на гледишта. Се вели дека треба допрва да се развива системот на саморегулација во медиумите и кохерентна , професионално водена,  стратегија за подигање на новинарските стандарди, И дека се потребни понатамошни напори во сите овие области , со цел да дојде до подобрување на медиумската средина. Ова е само за медиумите, а уште колку негативни констатации има низ 33-те поглавја?  Вицепремиерот Фатмир Бесими вели дека ставовите од Извештајот ќе бидат водилка за него во евентуален дијалог со новинарите. А министерот Иво Ивановски, без да трепне, вели законите, за кои забелешки се искажани во извештајот, се во поодмината фаза. Значи ќе се донесат и покрај забелешките. Па тогаш зошто ни е Европската Унија? Фактор Ви ги презентира ставовите на дел од македонските новинари за извештајот на ЕК.