29 Април, 2024
0.0254

Мирче Јовановски: Економскиот тим ќе се најде во расчекор меѓу предизборните ветувања и реалните можности

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Мандатарот ги предложи, Собранието треба да ги изгласа министрите во идната Влада. Макеоднија е сред еден од најголемите предизвици предизвикан од Пандемијата на Ковид-19. Здравствената криза предизвика и голема економска криза, а со тие проблеми во иднина треба да се справува економскиот тим во Владата. А предложени се луѓе кои јавноста ги знае, барем повеќето имале функции и досега. Дали ќе успеат да се справат со големиот предизвик, ќе носат ли економски одлуки кои ќе бидат во функција на граѓаните и на стопанството, со што треба прво да се зафатат. Ги прашуваме економските новинари.

Мирче Јовановски, уредник во Независен, смета дека нивиот економски тим ќе се најде во расчекор меѓу предизборните ветувања и реалните шанси тие да се реализираат. Сепак, без правна држава и нетолеранција на корупцијата, економските министри, колку и да се добри, тешко дека ќе се снајдат.

Главниот проблем со кој ќе се соочи новата влада го гледам во расчекорот во кој што ќе се најде помеѓу предизборните ветувања и реалните можности тие да се реализираат. Ако само се сетиме што се ветуваа партиите пред изборите - повисоки плати, пензии, еден куп субвенции и тн, јасно е дека сето тоа тешко ќе се реализира во услови кога државната каса е празна, кога јавниот долг е на граница од 60 отсто од БДП и кога никој не знае уште колку ќе трае корона кризата и какви последици ќе остави врз економијата.

Не би навлегувал во оцена на одделните кадровски решенија, особено што повеќето предложени кандидати за министри во економските ресори (четири од вкупно седум, сите од коалицијата „Можеме“) за прв пат ќе извршуваат министерска функција – вицепремиерот за економски прашања, министрите за градежништво, транспорт и врски, за труд и социјална политика и за земјоделство. ДУИ од друга страна се одлучи за проверени кадри во ресорите што ќе ги води – министерствата за финансии, за економија и за животна средина.

Како ќе функционира оваа комбинација ќе видиме набрзо, но во секој случај, оваа влада ќе ја нема комоцијата наречена „првите 100 дена“ бидејќи состојбите во економијата тоа едноставно не го дозволуваат. Ќе треба под итно да се донесат нови мерки за поддршка на стопанството, каде што цели сектори се загрозени, веројатно ќе треба да се прави и ребаланс на Буџетот...

Исто така, забележливо е што во овој владин состав, мандатарот Зоран Заев ја напушти практиката економските ресори да ги довери на кадри од стопанството, како што беше случај во владата на заминување, што можеби зборува и колку е задоволен од таквите решенија.

Ако пак, пошироко се гледа распределбата на ниво на влада, мислам дека на ДУИ ѝ се остава отворен пат да продолжи со партизација на администрацијата, бидејќи ги контролира клучните ресори за такво нешто – министерствата за политички систем, за финансии и за информатичко општество и администрација, што според мене е сериозен недостаток и може да ги доведе во прашање заложбите за намалување на администрацијата за 20 отсто и за нејзина професионализација.

Исто така, дури и да функционираат беспрекорно економските ресори, ако нема соодветна поддршка од другите области, особено градењето правна држава, нулта толеранција за корупцијата и намалување на сивата економија, тешко дека може да очекуваме посериозни поместувања во економијата на која и онака ѝ се неопходни сериозни реформи и храбри одлуки, ниту пак да има странски директни инвестиции. 

Плус, иако не е директно поврзан со економијата, мислам дека пописот се наметнува како еден од клучните предуслови за да видиме каде сме и на економски план и за да можат компаниите, но и политичарите, да ги прават своите планови и проекции на здрави основи и да се носат соодветни економски политики.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка