26 Април, 2024
0.0277

МИСЛИ ДЕКА НЕГОВАТА ПОСЕТА БИЛА КЛУЧНА ЗА ПРЕСВРТОТ: Трамп застана на страната на Саудиска Арабија против Катар

Објавено во: Свет 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп зеде страна во конфликтот меѓу земјите од Блискиот Исток и Катар. На Twitter тој напиша дека неговото неодамнешно патување до Саудиска Арабија "веќе се е исплатило". Таму тој искажал антиисламски говор што е го поттикнало Ријад и уште пет арапски држави да ги прекинат дипломатските односи со Катар заради поддршка за терористички групи.

"Добро е да се види дека посетата во Саудиска Арабија и средбата со кралот и 50 држави веќе се исплати. Тие рекоа дека ќе заземат цврст став во однос на финансирањето на екстремизмот и сите референци водат до Катар. Можеби тоа е почетокот на крајот на ужасот на тероризмот!", напиша Трамп на Twitter.

Катар ги негира обвинувањата. Првично емиратот излезе со став дека активностите на арапските држави се обид за државен удар. Потоа беше речено дека Доха е подготвена да разговара за проблемите кои арапските држави ги истакнуваат.

Висок функционер од Белата куќа кажа за Reuters дека Трамп имал телефонски разговор со саудискиот крал Салман, истакнувајќи ја потребата од единство во Персискиот залив.

"Неговата порака (на Трамп) беше дека ние имаме потреба од единство во регионот, за да се бориме со екстремистичката идеологија и финансирањето на тероризмот. Важно е Персискиот залив да биде обединет, за да има мир и безбедност во регионот", рече највисокиот вработен за Reuters.

Официјални лица во Вашингтон рекле за Reuters дека Вашингтон бил изненаден од одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и Обединетите Арапски Емирати да ги прекинат дипломатските односи со Катар и да ги затворат сите граници со емиратот. Администрацијата на Белата куќа не била известена однапред за оваа акција, вели неофицијалната информација.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни