26 Април, 2024
0.0266

МИСТЕРИЈА НА КИНЕСКИ СКЕЛЕТИ: Најдени „џинови“ стари 5 000 години

Објавено во: Стил 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Група археолози пронашла во источна Кина 5000 години стари посмртни остатоци на луѓе, кои според зборовите на експертите, биле исклучително силни и високи.

Повеќето скелети, пронајдени во кинескта провинција Шандонг, укажува на тоа дека овие луѓе биле високи барем 180 цм, додека висината на еден скелет изнесувала дури 190 цм, пренесе кинеската агенција Xinhua. 

„И тоа само скелети. Таа личност да е жива, нејзината висина би изнесувала повеќе од 1.9 метри“, изјавил Фанг Хуи од Факултетот за историја и култура на Универзитетот во Шандонг.

Древниот кинески мудрец Конфучиј кој е роден во истата провинција, наводно бил висок 190 цм.

Во селото Џијоџија, во близина на граодт Џинан, археолозите пронашле 104 куќи, 205 гробови и 20 жртвени гробници.

Освен скелети, пронајдени се грниња, накит од жад, коски на свиња и остатоци од просо.

Експертите веруваат дека мештаните живееле релативно удобен живот, со оглед на тоа дека куќите имале кујни и спални соби, пренесе China Daily.

Областа во која е пронајдено населението исто така своевремено била важен политички, културен и економски центар, пренесува Independent.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти